Тимот на Брегалница на чело со новиот шеф на стручен штаб, Горан Здравков, наскоро ќе ги стартува подготовките за пролетната полусезона во ПМФЛ шампионатот.
Прозивката е закажана за 9 јануари, секако во домашни услови. До 25. јануари ќе се реализира и првата фаза од подготовките. Низ овој подготвителен дел ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари, против Академија Пандев (19. јануари) и против Тиквеш (24. јануари).
Од 26. јануари екипата се сели во Охрид каде ќе биде реализирана централната фаза од подготовки и со четири пријателски средби, против Воска Спорт (28. јануари), Караорман (31. јануари), Охрид (1. февруари) и Пелистер (5. февруари). Генералката пред стартот на пролетниот дел ќе биде на 12. февруари против Беласица на Градскиот стадион во Штип.
„Првата фаза, или физичките подготовки кои во суштина ќе бидат основата на целиот подготвителен циклус ќе ги реализираме во Штип до 25. јануари. Потоа во Охрид ќе биде втората фаза од подготовките низ кои ќе следи воигрување на екипата и преку четири тест-средби, за да на крај се заокружи со финалното темпирање на формата пред продолжението на првенството“ – вели шефот на стручниот штаб, Горан Здравков.
9. јануари (Струмица): Ак. Пандев – БРЕГАЛНИЦА
24. јануари (Штип): БРЕГАЛНИЦА – Тиквеш
28. јануари (Охрид): Воска Спорт – БРЕГАЛНИЦА
31. јануари (Струга): Караорман – БРЕГАЛНИЦА
1. февруари (Охрид): Охрид – БРЕГАЛНИЦА
5. февруари (Охрид или Битола): Пелистер – БРЕГАЛНИЦА
12. февруари (Штип): БРЕГАЛНИЦА – Беласица