Се чини дека пречките Кристијано Роналдо да дебитира за својот нов клуб од ден во ден стануваат се поголеми. Имено иако Португалецот беше промовиран, сепак тој официјално не е нов фудбалер на тимот од С. Арабија. Ал Наср, барем засега, не може да го регистрира Роналдо од проса причина што во моментов има осум странци, а Роналдо е деветиот. Значи прво треба да се ослободи од еден од тие осуммина за да потоа го регистрира фудбалерот на кој ќе треба да му плати 500 милиони евра за 2,5 години.