Иако ќе почека на дебито поради суспензијата, иако се уште Ал Наср не може да го регистрира, сепак Кристијано Роналдо само што дојде во Ријад венаш почнал да се однесува како газда на клубот. Имено тој побарал од челниците на Ал Наср веднаш да му се доведе Пепе, неговиот голем пријател, со кого заедно играа во Реал Мадрид, искусниот стопер кој има 40 години и кој долго време е во репрезентацијата на Португалија.
За разлика од ангажманот на Пепе, во Ал Наср сакаат, односно имаат други желби, како Бускетс, Икарди, Рамос, Модриќ, Квадрадо, но Роналдо го барал само неговиот голем пријател Пепе.