Стефан Дрогришки, поранешниот младински репрезентативец на Македонија е замената за Тоше Ончев во таборот на Охрид, кој поради тешката повреда го раскина договорот..
Дрогришки е првото засилување за тимот на Охрид, тој потпиша 1,5 годишен договор и секако дека ќе биде еден од адутите воп бековската линија во тимот на охриѓани.
Стефан Дрогришки во минатото беше дел од Тиквеш, Еурофарм, Металург, Пелистер, има и 11 настапи за репрезентацијата на Македонија.