Се мајтапат со Азар: Некогаш беше крал на Премиерлигата, сега е крал на бургерите! (ФОТО)

430

Еден Азар. Некогаш беше најдобриот фудбалер на Челзи, најдобриот фудбалер во Премиерлигата. Беше едноставно крал на најсилната лига во светот. Репрезентативецот на Белгија токму поради за рекордни 115 милиони евра пред три години направи трансфер во Реал Мадрид, и таму просто се загуби. Бројните повреди, неговата незаинтересираност да напредува, силната конкуренција беа факторите кои некогап кралот на ПЛ едноставно фудбалски пропадна.

Затоа фановите со право се мајтапат кога велат дека Азар некогаш беше крал на ПЛ а сега е крал на бургерите, ако се знае на што личи сега некогаш еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер во светот, се разбира после Меси и Роналдо.

На последниот меч во Купот, тој влезе во тимот на Реал Мадрид против нисколигашот Касерењо кој “кралевите“ едвај го добија. А Азар се виде дека има барем 10 кг повеќе, и за 30 минути додека беше на терен не само што не влезе во шанси, туку немаше ниту едно додавање, или асистенција или било што. Бројките зад неговото име по мечот беа само нула, нула, нула…

Опасност од Азар? Никако. Тој не сака фудбал, не е заинтересан, не трча, не прави ништо“ изјави по мечот еден фудбалер на домашните за некогаш големата светска – мега – ѕвезда.

ПретходноМанев и Адана го „распарчија“ Истанбулспор на Етеми со 6:0!
СледноФК Новаци завиено во црно – почина Паше!