Сити ги однесе бодовите од „Стемфорд Бриџ“, а Пулишиќ и Стерлинг се придодадоа на листата на повредени кај Челзи (видео)

165

Во меч од 19.коло на Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити со 1:0 славеше над Челзи и тоа на „Стемфорд Бриџ“. Дуелот почна со повреда на Рахим Стерлинг во 5. минута на чие место влезе Обамејанг. Во 22. минута се повреди и Пулишиќ со што бројот на повредени кај „сините“ се зголеми на 10 играчи.

Обамејанг не се изнаигра и беше заменет во 68. минута од мечот, само пет минути после голот на Сити. А стрелец на погодокот беше Ријад Марез.

До крајот резултатот не се менуваше и бодовите заминаа на контото на актуелниот шампион. Сити има 39 бода, пет помалку од лидерот Арсенал.

Челзи е на 10-тата позиција со 25 бода и шест порази на својата сметка.

 

Chelsea 0 – [1] Manchester City – Riyad Mahrez 63′

Jan 06, 2023

ПретходноЖунињо: Руди Гарсија е најлошиот фудбалски тренер
СледноБлинд го засили Баерн: Гладот за трофеи беше клучен да дојдам во овој тим