До стартот на Светското првенство во Шведска и Полска остануваат уште пет дена. Овој период покрај редовните информации за случувањата во таборот на македонската, но и останатите репрезентации, во прв план се и статистиките.
Благодарение на најдобриот македонски ракометар Македонија често пати ќе се споменува и пред стартот на овој Мундијал. Кирил Лазаров е на врвот на листата во уште една категорија. Мак-гол машина се најде на третото место на ракометари со најмногу интернационални голови. Лазаров до пензијата, има постигнато 1722.
Прв на оваа листа е Гудјон Валур Сигурдсон со 1875, зад него е Петер Ковач 1.797.
Most international goals in #handball:
1. 🇮🇸 Guðjón Valur Sigurðsson 1875
2. 🇭🇺 Péter Kovács 1797
3. 🇲🇰 Kiril Lazarov 1722
4. 🇮🇸 Ólafur Stefánsson 1570
5. 🇩🇰 Lars Christiansen 1503
6. 🇪🇬 Ahmed El-Ahmar >1496
…
13. 🇫🇷 Nikola Karabatic 1263⬆️
14. 🇩🇰 Mikkel Hansen 1254— Fabian Koch (@Fabian_Handball) January 5, 2023