Серхио Рамос се враќа во Шпанија?

366

Серхио Рамос би можел да се врати во Шпанија и да потпише за Севиља откако летово ќе му истече договорот со ПСЖ. Но, за да се оствари овој трансфер Рамос треба да се согласи на значително помала плата од онаа што ја има во ПСЖ. Искусниот фудбалер го бара и Ал-Наср, клубот кој неодамна го донесе Кристијано Роналдо.

Рамос оваа сезона веќе одигра 22 натпревари за ПСЖ, што е девет повеќе од минатата сезона, од кои добар дел пропушти поради повреди. Шпанецот беше посочен како еден од најголемите виновници за првиот пораз на ПСЖ оваа сезона. Само Донарума (5,9) доби помала оценка од „SofaScore“ од Рамос (6,4) во поразот на ПСЖ од Ленс со 1:3.

Новинарот на RMC, Даниел Риоло, смета дека ПСЖ не треба да му понуди договор. Иако забележува дека е добар стопер, не е сигурен дали има повеќе простор за него меѓу елитата.

„Одбраната на ПСЖ против Ленс не изгледаше добро. Што се однесува до Серхио Рамос, да бидам искрен, доколку клубот му го продолжи договорот, тоа ќе значи дека тој се откажал од секаква идеја за фудбалот“, изјави Риоло.

ПретходноТажна вест: Почина италијанската легенда Џанлука Виали!
СледноПеро Блажевски дел од стручниот штаб на третолигаш!