Елче – Селта 0:1 е епилогот од првиот меч од 16.коло во Ла Лига. Дербито на дното му припадна на гостинскиот тим кој со голот на Аспас уште во 5.минута успеа да ги освои трите бода, три бодови големи како куќа што се вели ако се знае каква битка се води меѓу екипите кои се борат за опстанок.
Ова беше прва победа на Селта на гостински терен по оној од 26 август кога славеше кај Џирона исто со 0:1.
Да кажеме дека Елче натпреварот го заврши со играч помалку откако Бигас во 90+1.минута беше исклучен. Селта победи, но според шансите Елче можеше да дојде барем до бод, но не успеа да реализира ниту една.