Тројца тенисери во Австралија ќе се борат за врвот на Алкараз!

459

Водечкиот светски тенисер Карлос Алкараз нема да игра на првиот Грен слем турнир во сезоната, Австралија Опен. Шпанецот објави дека го пропушта турнирот поради повреда на десната нога.

Неиграњето на Алкараз отвора можност тројца тенисери да го преземат врвот на АТП-листата. Алкараз има 6820 бодови, а ќе остане без 90-те бодови што ги освои минатата сезона.

Второпласираниот Рафаел Надал не може да го претекне бидејќи ја брани титулата на Австралија опен, па не може да собере повеќе од сегашните 6020 бодови. Сепак, Каспер Руд, Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ можат да ги прескокнат и Алкараз и Надал. Местото во финалето на Австралија опен би било доволно за Руд да стане број 1, додека Циципас и Ѓоковиќ треба да го освојат турнирот.

Во понеделник на 16 јануари започнува првиот Грен слем годинава.

ПретходноЃукиќ: Македонската нација мора да има трпение, оваа репрезентација игра модерно!
СледноИ тој си оди од Дортмунд: Ројс во јуни потпишува за Ал Наср!?