Новак го “скрши“ Медведев и се пласира во финалето во Аделаида!

192

Новак Ѓоковиќ со 2:0 во сетови и успеа во полуфиналето да го победи Данил Медведев и да си закаже финале против Себастијан Корда од САД, на АТП турнирот во Аделаида.

Србинот во текот на целиот меч ги контролираше настаните на теренот, првиот сет го  доби со 6:3 во гемови, додека вториот нешто потешко, 6:4. Едноставно Русинот немаше никакви шанси на овој дуел протв мотивираниот Ѓоковиќ.

Утре против Корда, Србинот ќе игра за својата 92.титукла во кариерата. Сепак мали грижи му задава повредата на задната ложа, која ја почувствува и денеска во првиот сет против Медведев.

ПретходноПроблемот на Роналдо конечно е решен – допрва почнува лудилото!
СледноТрагедија: Почина навивачот кој синоќа на “Местаља“ имаше срцев удар!