Развод по мерка за убавата Камила: Бившата буквално го ограби светскиот првак!

1556

Родриго де Пол засекогаш ќе ја памети 2022 кога со Аргентина стана светски првак, но затоа не му почна баш најдобро во 2023. Имено тој се разведе од убавата Камила Хомс, која имаше развод по мерка, речиси и да го ограби.

Камила побара а Родриго се сложи, прво 150.000 евра на нејзина сметка,потоа 10% од секоја нето плата што ќе ја заработи играчот, тука не се сметаат парите од спонзорските договори и сите премии и бонуси кои ќе ги заработи Родриго. Три стана или апартмани да и припаднат нејзе, потоа два автомобили.

На секои 45 дена платено патување во Шпанија за да може фудбалерот,кој игра за Атлетико Мадрид, да си ги види децата. Авионските билети да бидат за посебна класа, потоа платен претстој во хотел во Мадрид за Камила и нејзиниот нов придружник, дневница од 700 евра и слични дребулии.

Родриго де Пол не правел никакви проблеми на барањата на неговата бивша сопруга со која има две деца, само да биде со новата љубов Тини Штосел.

Инаку вкупното богатство на фудбалерот, барем засега, се проценува на 10 милиони евра.

ПретходноФиорентина од пенал спаси победа на домашен терен
СледноПразниците завршија: МЗТ Скопје утре ја пречекува Црвена Звезда