Репрезентативците се релаксираат низ каналите во Амстердам (ФОТО)

1444

Репрезентативците попладнево после тренингот, беа на прошетка низ Амстердам. Играчите и стручниот штаб се возеа низ каналите во Амстердам, што е една од главните туристички атракции во главниот холандски град.

Ова е еден вид релаксација на фудбалерите пред натпреварот во понеделник, последен на ова ЕУРО за нашите играчи.

Дуелот со Холандија ќе се игра на „Јохан Кројф“ Арената во Амстердам, но ќе нема никакво значење. Холанѓаните се веќе првопласирани, додека за Македонија е јасно дека ќе заврши на последното место.

ПретходноФахрудин Ѓурѓевиќ ја засили Влазнија Скадар
СледноЕриксен на тренинг на Данска: „Штом стигна, прекинавме да тренираме“