Вегхорст оди на позајмица во Манчестер Јунајтед

264

Холандскиот фудбалер Вут Вегхорст оваа сезона играше за Бешикташ, а денеска постигна гол за победа над Касимпаша. Тоа беше негов осми гол во првенството, а по мечот се прости од навивачите на Бешикташ со зборовите „Bye bye“ покажувајќи срце со прстите.

Вегхорст ќе оди на позајмица во Манчестер Јунајтед, а наводно двете страни веќе се договориле околу условите. „Црвените ѓаволи“ бараа краткорочно решение во нападот по заминувањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср, па тренерот Ерик Тен Хаг одлучил да го донесе Вегхорст.

Тоа е фудбалерот кој беше двоен стрелец против Аргентина во четвртфиналето на СП, а по мечот се расправаше со Лионел Меси. Најдобриот аргентински фудбалер го прекина интервјуто за вербално да се пресмета со Вегхорст.

Инаку Вегхорст е играч на Барнли. Претходно играл за Волфсбург, АЗ, Хераклес и Емен.

 

ПретходноРакометарите победнички кон СП: Израел совладан во Пореч, Манасков го почести со 11-ка!
СледноМенхенгладбах не го пушти Зомер во Баерн