Тежок скандал на „Енфилд“, навивач снимил се со мобилен телефон (ВИДЕО)

8343

Ливерпул и Вулверхемптон одиграа натпревар без победник (2:2), а патникот во следната фаза од ФА Купот ќе се решава на реваншот.

Сепак, се чини дека Вулверхемптон е оштетен на овој меч. Тоти Гомеш во 82. минута зголеми на 3:2, голот го прослави со соблекување на дресот, а потоа помошниот судија го подигна знамето.

Помошниот судија сметаше дека е во офсајд позиција, па Енди Медли контактираше со ВАР-собата за помош, но се случи катастрофа. Ниту една ВАР камера не можеше да го добие вистинскиот агол за да утврди дали Нунес е во офсајд, па одлуката беше препуштена на судиите на теренот.

Медли на крајот реши да го сослуша асистентот и се чини дека е направена скандалозна грешка бидејќи еден од навивачите на трибините успеа да го запише голот.„Волците“ тврдат и дека нивната камера снимала се и дека немало офсајд.

„Нашата тактичка камера покажува дека голот на Тоти Гомеш требаше да биде доделен“, изјавија по мечот.

Неверојатно е на стадион како „Енфилд“ да дојде до ситуација ниту една камера да не го сними аголот и положбата на фудбалерот на „Волците“, а тажно е што навивач од трибината успеа да сними се, а не камера поставена за видео технологија.

На крајот, волците се тие кои имаат право да бидат лути. Се чини дека неправедно останаа без победа и пласман во следната фаза од натпреварувањето.

ПретходноИХФ им одговори на критичарите: Вирусот мора да се сфати сериозно, не сакаме да исфрламе тимови од СП!
СледноЛазаров: Задоволен сум од момците! Одбраната ќе ја поправиме, но треба да се знае дека играме силен ритам 60. минути!