Сабаленка ја освои Аделаида!

164

Белорусинката Арина Сабаленка ја победи Линда Носкова од Чешка во финалето на ВТА турнирот во Аделаида со 6:3, 7:6 (4) и заработи 775.400 евра. Дваесет и четиригодишната Сабаленка, втората носителка, ја освои својата единаесетта титула на ВТА.

Сабаленка по 19-ти пат играше во финалето на ВТА турнирот. До овој турнир петтопласираната светска тенисерка победуваше десет пати, но последен пат загуби во финалето на завршниот турнир на најдобрите осум во ноември минатата година во американскиот Форт Ворт.

Осумнаесетгодишната Носкова за првпат играше во финалето, а големо изненадување направи во полуфиналето, кога ја победи втората играчка на ВТА рангирањето и прва носителка, Тунижанката Џабер.

ПретходноЛазаров: Задоволен сум од момците! Одбраната ќе ја поправиме, но треба да се знае дека играме силен ритам 60. минути!
СледноЃоковиќ за време на финалето го избрка својот брат од ложата (ВИДЕО)