Јигитоглу: Звезда е огромен фаворит, но секогаш има простор за изненадувања!

128

МЗТ Скопје на првиот меч во 2023 година ќе има тешка задача. Во СЦ „Јане Сандански“ денеска (17 часот) гостува Црвена Звезда, актуелниот првак во ова натпреварување, но и учесник во Евролигата.

За силата на српскиот клуб не треба да се кажат дополнителни зборови. Во пресметката со актуелниот македонски првак, Црвена Звезда влегува како голем фаворит. Првата средба оваа сезона заврши со убедлив триумф на „црвено-белите“ 87-67, но пак нивниот квалитет и доминантност не ги демотивира кошаркарите на МЗТ Скопје.

„Играме против фантастичен тим од Евролигата, што е дополнителен мотив за нас кошаркарите да се прикажеме во најдобро светло. Противникот е огромен фаворит, но секогаш има простор за изненадувања. Со поддршка од јавноста ќе дадеме се од себе, со надеж дека ќе биде доволно за чудо“, изјави пред мечот Самет Јигитоглу. 

ПретходноКлоп за поништениот гол: Не знам како може да се случуваат такви работи!
СледноЃоковиќ го избрка својот брат среде финале, па стигна до првиот трофеј во 2023!