Агуеро изненади – се враќа на теренот на специјална вечер!

288

Серхио Кун Агуеро повторно ќе игра фудбал. Оваа информација ги шокираше фудбалските вести откако Аргентинецот минатата сезона беше принуден да ја заврши играчката кариера поради проблеми со срцето.

Сепак тој повторно ќе игра фудбал. Овој пат, на 28 јануари, како гостин на „Жолтата ноќ“ во дресот на екипата на Барселона Гвајаакил од Еквадор, на мечот на кој ќе биде претставен новиот тим за новата сезона на овој клуб.

„Со нетрпение очекувам да бидам таму и да се забавувам. Имав состанок со кардиологот, многу сум добро и веќе почнав да тренирам, па ќе можам да играм во Жолтата ноќ. Се надевам дека ќе се забавувам и повторно ќе го почувствувам теренот. Се чувствувам многу добро, имам контролен чип, па ќе можам да играм, бидејќи за 15 дена ќе одиграм и натпревар со моите пријатели од Барселона во Шпанија, изјави тој.

Агуеро ќе биде осмата светска ѕвезда поканет на Жолтата ноќ. Роналдињо гостуваше во 2016 година, Диего Форлан во 2017 година, Кака во 2018 година, Андреа Пирло во 2019 година, Алесандро Дел Пјеро во 2020 година, Хавиер Маскерано во 2021 година и Карлос Тевез во 2022 година.

ПретходноПовеќе од 666 милиони денари исплати ВИДЕОЛОТАРИЈА кај играчите за ЏЕКПОТ ДОБИВКИ во 2022!
СледноЃоковиќ слета во градот каде минатата година беше протеран!