По ден одмор: Ракометарите во „погон“, последни подготовки за мисијата Полска!

401

Македонската ракометна репрезентација ситно брои до стартот на Светското првенство. Првиот меч нашите момци го играат на 13. јануари против Норвешка во Краков, градот домаќин на нашата група.

По ден одмор, после „Кроација Купот“, Кирил Лазаров и неговите избраници денеска се враќаат во сала. Почнува подготовката за противниците на Мундијалот. Предводникот на нашиот национален тим во изјава за СПОРТМЕДИА потенцираше дека ќе гради тактиката за Норвешка и Холандија, на Аргентина ќе мислиме на крај, бидејќи против оваа земја играме на 17. јануари.

Лазаров имаше шанса да добие целосна слика за тимот и тоа на контролите против Хрватска и Израел. Видовме дека Македонија игра модерен и динамичен ракомет, што пак радува особено ако се земе во предвид дека истиот го негуваат сите светски селекции и екипи.

Во текот на овие два дена се чека и нов „апдејт“ околу здравствениот билтен, тука мислиме на Филип Талески и Никола Митревски, кои не отпатуваа во Пореч. Талески го поведи скочниот зглоб, додека Митревски беше поштеден.

Нашите момци ќе бркаат првите три места во групата за да се најдат во главната фаза, која ќе се игра во Катовице.

ПретходноМекиќ го напушти МЗТ Скопје, Американец дојде на негово место!
СледноПрвиот човек на францускиот фудбал му се извини на Зидан