Лазаров: Задоволен сум, за играчите ова е голема школа!

1393

Македонската ракометна Б-репрезентација беше совладана од Србија со 29-26 на првата од двете контроли во Ниш. Избраниците на Кирил Лазаров имаа добри и лоши моменти, покажаа слабости, но и покажаа дека можат да се вратат од негатива.

Сите овие мечеви се плус искуство за младите ракометари на патот кон созревањето, токму на овој начин, нашиот предводник сака од блиску да им долови со какви одговорности ќе се соочат во иднина.

Лазаров е задоволен, особено ако се земе во предвид дека Македонија настапи со Б-тим, додека Србија имаше мешан состав.

„Ова се млади момци кои доправа треба да ја презентираат нашата држава, влегоа импресионирано. Има дел од нив кои не играат многу во своите клубови. Во редовите на Србија има многу интернационалци, што пак ми прави посебно задоволство.

Ние сме на почеток на една нова авантура. Имавме пенал и за два разлика, мене не ми е сеедно дали е на крајот два или три разлика. Почнавме слабо на почетокот губевме со 4-0. Србија има екстра квалитетен тренер кој неколку дена ја подготвуваше екипата. Во кратки црти, задоволен сум од тоа како се одвиваат ротацииите, како ги решававме неочекуваните ситуации на теренот“, вели Лазаров.

Убаво е кога младите имаат целосно разбирање од селекторот. Кире најдобро ги разбира сите нивни грешки. Ова е единствениот начин за да одат напред.

„Во првото полувреме имавме само една одбрана, но во второто полувреме Марко Кизиќ беше многу добар. Се надевам дека ќе имаме сили утре да одиграме уште еден меч. Треба да се напомене дека нас ни фалат 12-14 првотимци.

Од некои играчи сум задоволен, од некои не сум задоволен. За нив ова е школа. Ги разбирам, видоа со што ќе се среќааваат во иднина на големите натпревари (баражи, квалификации…) каде притисокот е голем. Само со квалитетни натпревари ќе напредуваме“.

Македонија и Србија утре исто во Ниш, но со почеток во 16 часот ќе ја одиграат втората средба.

ПретходноМакедонија не е случајно на ЕП…
СледноСухејљ Мухарем го засилува Работнички!