Лазаров денеска ќе пресече, тројца ракометари отпаѓаат!

854

Македонската ракометна репрезентација уште денеска ќе биде во Скопје, веќе утре наутро патува за Краков, градот домаќин на нашата групна фаза. Предводникот, Кирил Лазаров за Полска ќе одреди 18 патници што значи дека тројца ќе отпаднат од списокот. Останува оваа дилема да биде решена на последниот тренинг.

Во овој момент кревки се Филип Талески и Никола Митревски, Кире на последната прес-конференција не криеше дека е загрижен за нивната здравствена состојба, но и двајцата ќе патуваат во Краков, со тоа што ќе мора да се внимава со нив двајца и со целиот тим.

Македонија на ова СП за првпат ќе настапи во еден поинаков состав, веќе нема голем дел од искусните ракометари, па младоста и дел од стандардните репрезентативци ќе испишат нова страница.

Ракометарите ќе имаат тешка задача на овој Муднијал, на првата средба (13.01) ќе се одмерат силите со Норвешка, два дена подоцна е дуелот со Холандија, додека на 17. јануари играат против Аргентина. Првите три репрезентации ќе обезбедат место во главната рунда, последнопласираната ќе игра Президен Куп.

ПретходноФранцускиот фудбал остана без претедател: Ле Грае поднесе оставка
СледноФеран Торес и Стефан Савиќ суспендирани по два натпревари