Секако дека во тенискиот свет, а и меѓу фановите на овој спорт, сите сме во очекување да видиме дали Новак Ѓоковиќ на претстојниот АО во Мелбурн ќе си го врати своето што ми беше одземено минатата година, кога едноставно не му беше дозволено да настапи на турнирот.
Србинот во Австралија дојде во добра форма, на турнирот во Аделаида истата и ја потврди, но последните вести од Мелбурн велат дека фановите се во страв. Дека има причина за загриженост, односно дека Новак поради повреда морал предвреме да го напушти тренингот, односно тренинг – мечот со Данил Медведев.
Да се надеваме дека не е ништо стрешно и дека Новак својот поход кон десеттата титула во Мелбурн ќе ја започне здрав.
Injury scare for Novak Djokovic. Had his left knee worked on at the change of ends. Was broken immediately and isn’t moving very well pic.twitter.com/cy33nFvE0g
— Martin Gabor (@MartinJGabor) January 11, 2023