Ноел Ле Грае поднесе оставка од функцијата претседател на Француската фудбалска федерација (ФФФ) во очекување на завршување на истрагата која се отвори против него, соопшти RMC Sport.
Филип Диало, потпретседател на Федерацијата, привремено ќе биде на позицијата в.д. претседател.
Ле Грае се најде на удар на критики по обновувањето на договорот со францускиот селектор Дидие Дешамп и неговите контроверзни изјави за Зинедин Зидан. Покрај тоа, францускиот фудбалски агент Соња Суид го обвини Ле Грае за сексуално вознемирување во 2014 година.