Работнички денеска и официјално ги започна подготовките пред вториот дел од сезоната. „Романтичарите“ се собраа во Скопје, каде ќе се реализира првиот дел од подготвителниот период.
Денеска од клубот стигна и потврда за три нови имиња кои ќе бидат засилувања за пролетната полуетапа. Станува збор за Кире Маркоски, Стефан Деспотовски и за голманот Филип Илиќ.