ПОЗНАТ Е СПИСОКОТ ЗА СП: Лазаров ги одреди 18-те патници за Краков!

1036

Македонската ракометна репрезентација ги пакува куферите за Краков, еден од градовите домаќини на Светското првенство кое стартуваше денеска. Селекторот Кирил Лазаров како што најави списокот за Мундијалот ќе го одреди денеска после пладне.

Од конечниот составот отпаднаа три имиња: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски, иако не се на списокот, сепак тие ќе бидат на готовс доколку бидат потребни.
Лазаров на Мундијалот ќе смета на 18 ракометари, нивните имиња можете да ги прочитате во продожение.

ГОЛМАНИ Никола Митревски (Порто) Мартин Томовски (Вардар)
Леви крила: Дејан Манасков (Вардар) Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)
Леви бекови: Филип Талески (Вардар) Иван Џонов (Т. Пролет)
Среден бек: Филип Кузмановски (Хановер) Игор Ѓоргиев (Алкалоид) Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)
Десен бек: Томислав Јагуриновски (Т. Пролет) Мартин Серафимов (Алкалоид)
Десно крило: Гоце Георгиевски (Вардар) Ненад Костески (Е. Пелистер)
Пикери: Никола Маркоски (Алкалоид) Жарко Пешевски (Е. Пелистер) Марко Стојковиќ (Алкалоид) Костадин Петров (Тор)
Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид)

Македонија на стартот на Светското првенство, поточно на 13. јануари ќе се сретне против Норвешка, два дена подоцна е мечот со Холандија, додека групната фаза ја завршува на 17 овој месец против Аргентина. Најдобрите три селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда, последнопласираната ќе игра Президент Куп.

ПретходноДа ти е мерак да тренираш – вака навивачите на АИК ги пречекаа своите фудбалери (видео)
СледноВо Мадрид убиен светски шампион во стрелаштво