Јокиќ го „уништи“ и Финикс, Браун постигна 41 поен во триумфот на Бостон

115

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја продолжува доминацијата во НБА лигата. Тој помина 28 минути на мечот меѓу неговиот Денвер и Финикс и запиша 21 поени, 18 скокови и 9 асистенции. За малку недостасуваше да впише уште еден трипл дабл, а тоа и ќе го направеше ако тренерот Мак Мелоун не го одмараше во последната четвртина. Мелоун одлучи да го повлече својот најдобар кошаркар во моменти кога Денвер имаше предност од 30 поени.

На крајот Денвер победи со 126:97. Тоа беше 12 едноподруго триумф на Нагетси на домашен терен. Финикс играше без главните ѕвезди Букер, Крис Пол и Деандре Ејтон.

А Бостон славеше над Њу Орлеанс Пеликанс со 125:114 на крилата на Џајлен Браун кој постигна 41 поен и имаше 12 скокови. Неговиот соиграч Џејсон Тејтум броеше до 31 поен и имаше 10 скокови.

Бостон е лидер во Источната конференција со 30 победи и 12 порази.

РЕЗУЛТАТИ

ДЕТРОИТ – МИНЕСОТА                135:118
ВАШИНГТОН – ЧИКАГО                100:97
АТЛАНТА – МИЛВОКИ  105:114
БОСТОН – ЊУ ОРЛЕАНС               125:114
ЊУЈОРК – ИНДИЈАНА   119:113
МЕМФИС – САН АНТОНИО         135:129
ДЕНВЕР – ФИНИКС          126:97
САКРАМЕНТО – ХЈУСТОН             135:115

ПретходноСупер ждрепка за Ноле на АО: Ќе игра со Шпанец на стартот, а ги избегна Надал и Медведев
СледноКолумна на Пиневиќ од Спортске новости: Скандинавците во прв план! За промените во Македонија не помага еуфорија, само доследност и поддршка!