Бенфика купи напаѓач кој постигнал 15 гола во 14 натпревари во Норвешка

207
0

Португалската Бенфика се пофали со трансферот на напаѓачот Каспер Тенгстед кој доаѓа од Розенборг за 9,5 милиони евра. Клубот од Лисабон кој е познат по „лансирање“ на млади фудбалери го потпиша младиот Данец до 2028 година.

Тенгстед му се приклучи на Розенборг во летото 2022 година и на 14 натпревари во норвешкиот шампионат постигна 15 голови и 7 асистенции. Пред тоа играше за данските Хорсенс и Митјиланд и вториот тим на Нирнберг.

„Јас сум напаѓач но можам да играм и како крило. Прецизен сум, давам голови, се надевам дека ќе се уверите во тоа. Бенфика е супер клуб, ми се допаѓа начинот на кој играат“, изјави 22-годишниот фудбалер.

Бенфика во наредните денови треба да комплетира уште еден трансфер. Се работи за 18-годишниот играч од средниот ред Андреас Шелдеруп кој игра во Нордсјеланд. Тој е норвешки младински репрезентативец. За него лисабонскиот гигант ќе плати 10 милиони евра.

 

 

ПретходноПозната е локацијата на фан-зоната на „Македонската Фаланга“ во Краков!
СледноИнсиње: Одбив неколку понуди од Серија А, причината е љубовта кон еден клуб