„Ракометниот Меси“: Македонија можете да ја победите, но и да изгубите!

540

Аргентина земјата која пред скоро време се искачи на фудбалскиот трон, ќе се обиде да покаже дека може добро да плови и во ракометот. Има предиспозиции, во својот состав го има и ракометниот Меси или Диего Симонет. Оваа селекција треба да биде директен конкутент за Македонија во битката за последното место кое води во главната рунда. Судирот е закажан за послендиот ден од групната фаза во Краков, 17. јануари.

Симонет смета дека нивната селекција е во тешка група. Шансата за пласман ја гледа против Македонија и Холандија. Но, потенцира дека дека нема лесен ривал,

„Јас можам да кажам само дека сме во најтешката група. Со Норвешка како ривал и селекција која е кандидат и за титула и со Холандија и Македонија, селекции кои ако не се на највисоко ниво може да загубите, потешко не може. Холандија и Македонија се наша шанса, селекции од кои може да загубите, ама може и да ги победите. И нема лесен ривал, а во оваа група и со една победа може да не одите понатаму. Јасно е дека наша цел е следната фаза“, вели Симонет.

Прв противник на Аргентина ќе биде Холандија, мечот се игра утре во 18 часот.

ПретходноНеат Абдулаи е нов играч на Академија Пандев
СледноКристопанс му подаде рака на вториот Шпанец кој на Вардар му донесе титула во ЛШ!