Кристопанс му подаде рака на вториот Шпанец кој на Вардар му донесе титула во ЛШ!

485

Данис Кристопанс, еден од играчите во ерата на Вардар одлучи да ги промени боите на клубот. Летонскиот џин од ПСЖ се сели во Мелсуген и тоа кај Роберто Гарсија Парондо.

Двајцата добро се познаваат, под водство на Парондо, а со неверојатните партии на Кристопанс, Вардар во 2019 по вторпат се искачи на европскиот трон и го подигна пехарот во Лигата на шампиони.

Истата таа година Летонецот замина за Париз кај Раул Гонзалес, откако не успеа да дојде до нов медал, доби понуда од Бундес-лигашот, кој веќе го промовираше.

Претходно„Ракометниот Меси“: Македонија можете да ја победите, но и да изгубите!
СледноРакометарите се „чекираа“ во Краков: Добредојдовте момци (ФОТО)