Позната е локацијата на фан-зоната на „Македонската Фаланга“ во Краков!

251

Само после неколку часа Краков целосно се промени. Пред малку пристигнаа ракометарите на македонската репрезентација, а веќе утре се очекува улиците на овој полски град да биде обоени во „црвено-жолта“ боја.

Токму кога сме кај македонската „Фаланга“, за сите оние кои веќе се на пат кон Краков, стигна важна информација. Позната е локацијата на официјалната фан-зона на македонските фанови.

Станува збор за локалот „Browararna Lubicz“ кој се наоѓа близу до трговскиот центар „Галерија Краковска“ во центарот на градот. 

Токму тука ќе биде зборното место на „Македонската фаланга“, барот ќе биде отворен утре после 15:30 часот.

Локацијата можете да ја видите во продолжение>> ul. Lubicz 17 J, 31-503 Krakow<<

ПретходноВардар посилен за Јагуриновски и Аларов
СледноБенфика купи напаѓач кој постигнал 15 гола во 14 натпревари во Норвешка