Марко Јовановски (34) искусниот голман и до пред неколку недели член на А. Пандев, од денеска и официјално е нов фудбалер на тимот на Феризај од Косово. Денеска косовскиот клуб и го промовираше своето големо засилување, еден од нашите најдобри голмани во последната деценија.
„За мене е задоволство што сум дел од овој тим, за кого слушнав само убави зборови. Ветувам дека ќе дадам се од себе и очекувам заеднички да ги оствариме целите и амбициите на Феризај“ изјави Македонецот на промоцијата.
Инаку покрај А. Пандев, Јовановски бранеше и за Работнички, Вардар, Шкендија, Пелистер, Македонија ЃП, Тетекс, Гостивар, Етнокос, Сепси…