Ѓоко Зајков не е веќе фудбалер на Ворскла Полтава, член на елитната украинска лига. Оваа вест денеска ја објавија од самиот клуб, а исто свој коментар имаше и нашиот репрезентативец.
Да потсетиме дека стоперот во Ворскла дојде во јануари минатата година, но потоа се случи агресијата на Русија врз Украина и таму немаше услови за фудбал. Во меѓувреме Зајков беше позајмуван во Славија Софија, но затоа од денеска тој и официјално не е веќе фудбалер на тимот од Украина.
“Многу ми се допаѓа овој клуб, но ситуација е таква и време е да се разделиме. Јас веќе не сум фудбалер на Ворскла. Сакам да изразам голема благодарност до сите во клубот“ рече покрај другото нашиот репрезентативен стопер.