Фудбалерите на Бешикташ ја освоија шампионската титула во Турција во вистинска драма во последните мечеви од последното сезонско коло.
„Црно-белите“ до 16-та титула стигнаа со победа на гостувањето кај Гезтепе од 2:1, но со идентично бодовно салто како и Галатасарај, кој славеше со 3:1 на домашен терен против Малатијаспор.
Само поради подобриот меѓусебен однос, Бешикташ заврши прв. Домагој Вида погоди во 10. минута за водство на Бешикташ од 1:0. Домашните изедначија преку Озтурк во 24-та минута, а Гезал му донесе победа и титула на Бешикташ со погодок во 69-та минута.
Победата на Галатасарај над Малатајаспор беше пирова, а најголем губитник во сезоната е Фенербахче. Во последното коло, Фенер го победи Кајзериспор со 2:1 на гости, и остана на третото место на табелата кое води само во Европа Конференс лигата на УЕФА.
🏆 SÜPER LİG 2020-2021 SEZONU ŞAMPİYONU ŞANLI BEŞİKTAŞ!#ŞampiyonSensin pic.twitter.com/XciVHm7pwO
— Beşiktaş JK (@Besiktas) May 15, 2021