Шпанија пресилна за Црногорците, Шведска и Исланд тргнаа победнички

104

Во еден интересен меч, репрезентацијата на Шпанија вечерва славеше над Црна Гора со 30:25 и ја обезбеди очекуваната победа на стартот на натпреварите од групата „А“ на СП 2023. Шпанците одиграа добар меч и не им дозволија на Црногорците да се понадеваат на изненадување.

Шпанија речиси цело време беше во водство, а избраниците на Зоран Рогановиќ цело време се закануваа, дури се враќаа и на минус еден. Сепак, искуството и квалитетот беше на страна на „фуријата“ која во своите редови ги имаше Одриозола со 6 и перез со 5 гола кои беа носители на играта. Кај Црногорците, Бранко Вујовиќ беше алфа и омега во тимот со 7 гола.

Победа на стартот и за Шведска, која во меч од групата „Ц“ со 26:18 го порази Бразил. Јужноамериканците одиграа кваитетно прво полувреме и на пауза заминаа со само два гола негатива (11:9). Сепак, во вториот дел Шведска „додаде гас“ и на крајот славеше убедливо.

Готфридсон со 6 од 6 беше фантастичен во победата на „викинзите“.

Во последниот дуел вечерва, Исланд со фуриозен финиш дојде до победа против силните Португалци со 30:26. Португалија одигра одлични 50-тина минути на мечот, но во фунишот не успеа да ги запре налетите на „рибарите“, кои и се приклучија на Унгарија на врвот по првото коло во групата.

ПретходноЛидс потпиша со напаѓач од Хофенхајм
СледноНа повидок скандал: Ѕвездата на Борусија (Д) нема 18, туку 22 години?!