На повидок скандал: Ѕвездата на Борусија (Д) нема 18, туку 22 години?!

634

Ѕвездата на Борусија Дортмунд и напаѓач на германската репрезентација Јусуф Мукоко нема 18 години, туку четири години повеќе, се сомневаат германските медиуми.

Мукоко се пресели во Германија во 2014 година, а е роден во Камерун. Минатата недела на подготовките на У-17 репрезентацијата на Камерун беше откриено дека дури 21 од вкупно 30 пријавени фудбалери немаат право на настап за таа селекција поради возраста. Тренерот Жан-Пјер Фиала брзо реагираше и ги смени играчите, а потоа се дозна дека меѓу новоповиканите има дури 11 кои исто така се премногу стари за тој тим.

Германските медиуми сега тврдат дека лани бил пронајден извод од матична книга на играч роден 2000 година. Неговото име е Јусуфа Мохамадуи, а најверојатно станува збор за Мукоко. Приказната ја пренесува и британски „Дејли Мејл“, кој контактирал со Германскиот фудбалски сојуз, каде потврдиле дека ги следат наодите.

Мукоко со одличните игри го привлече вниманието на најсилните европски клубови. Тој ќе стане слободен играч на крајот од сезоната, откако одби продолжување на договорот кое би му донело шест милиони евра годишно.

ПретходноШпанија пресилна за Црногорците, Шведска и Исланд тргнаа победнички
СледноОткажаниот велеслалом во Гармиш префрлен во австриски Шладминг