Дончиќ двапати го враќаше Далас во живот до конечна победа во ЛА (ВИДЕО)

210

Кошаркарите на Далас по две продолженија успеаја да се вратат со победа од Лос Анџелес победувајќи ги Лејкерс со 119:115. Со овој триумф, Далас ја прекина серијата од два порази.

Лејкерс се вратија во мечот по негатива од 19 поени и беа блиску до победата, но можеа не го победат Лука Дончиќ. Словенечкиот претставник најпрвин со тројка во последните секунди од регуларниот дел од натпреварот донесе продолжение, а потоа со тројка го обезбеди и второто продолжение.

Дончиќ на крајот го забележа својот 56-ти трипл-дабл во кариерата со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции. Кристијан Вуд со 24 поени и 14 скока и Тим Хардавеј со 22 поени и 8 скока му помогнаа на Дончиќ во победата на гостите од Тексас.

Расел Вестбрук постигна 28 поени, а Леброн Џејмс 24 поени, со 16 скока и девет асистенции за Лејкерс, кои го загубија вториот натпревар по ред по серијата од пет победи.

Кошаркарите на Кливленд го победија Портланд со 119:113, предводени од Донован Мичел кој постигна 26 и Џерет Ален кој постигна два поени помалку. Демиен Лилард постигна рекордни 50 поени во сезоната, но ниту тоа не беше доволно за Портланд, кој го претрпе петтиот последователен пораз.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Оклахома 114:133

Бруклин – Бостон 98:109

Мајами – Милвоки 108:102

Торонто – Шарлот 124:114

Портланд – Кливленд 113:119

ЛА Лејкерс – Далас 115:119 (прод.)

ПретходноМакедонија на Светските првенства: Кој е најдобриот, а кој е најслабиот пласман?
СледноЈани Атанасов заминува од Хајдук?