Македонија во Краков против Норвешка има горчливо искуство!

158

Норвешка vs Македонија е втората средба од групата Ф во Краков на денешната програма. Нашите момци на стартот на Мундијалот го добија противникот кој котира за медал на овој шампионат. Норвешката репрезентација влегува како голем фаворит, покрај тоа што има силен состав, оваа земја има и добра традиција кога стануваат пресметките со Македонија. Во изминатите 13 години, двете селекции се сретнале петпати, Норвешка има предност, бидејќи победи три натпревари, а загуби еден, додека еден заврши без победник.

Македонија запиша победа над оваа селекција во 2009 година во квалификациите за ЕП, славеше со 30-29. Во 2016 година токму во Краков на ЕП, „црвено-жолтите“ предводени од Лазаров и неговите 11 гола запишаа реми (31-31), иако имаа широк пат да дојдат до победа. На крајот ја прокоцкаа убавата позитива и мораа да се задоволат со бод.

Кога сме кај Светските првенства, Норвешка ја победи Македонија СП во 2009 година со 29-27 и на СП 2017 година со 34-24.

Иако оваа репрезентација доминира во меѓусебните пресметки, вечерва со голема доза на респект влегува во нов дуел со Македонија.

ПретходноРоналдо на тренинг на Реал Мадрид во Ријад! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноИ Беса ќе оди на подготовки во Анталија! (ФОТО)