Протекоа скандалозни пораки од Барса за Меси: Тој е „хормонално џуџе“ и „канализациски стаорец“

3722

Шпанските медиуми ја разоткрија преписката меѓу челниците на Барселона од времето на Хозеп Бартомеу во која најдлабокото раководство на клубот го навредува Лионел Меси.

Тогаш во Барселона се намалуваа договорите и платите на играчите, а Меси не попушти под притисокот да прифати помала плата.

„Барти, не можеш да бидеш толку добар со тој канализациски стаорец. Овој клуб му даде сè, а потоа се одлучи за трансфери, нови договори, спонзори за себе… Мора да размислите за договорот на Суарез, тој на Жорди Алба, а има и провизии за потписот на Ансу Фати и агентот на Меси, кој нели не знае ни да чита, а партнерот му е дилер. Сите ние во клубот страдаме од тоа хормонално џуџе, кое може да и се заблагодари на Барса што воопшто е жив“, му напишал клупскиот адвокат Роман Гомез Понти на претседателот на клубот.

ПретходноЈани Атанасов заминува од Хајдук?
СледноШто велат обложувалниците: Какви шанси и даваат на Македонија?