Норвешката репрезентација е првиот противник на Македонија на Светското првенство, дуелот се игра со почеток во 20:30 часот.
Оваа селекција е голем фаворит во нашата група Ф, се очекува да биде еден од претендентите за медал. Денот го почнаа со прошетка, најдобар начин да се опуштат пред пресметката со нашите момци. Насмеани, тргнаа да направат обиколка околу хотелот во кој се сместени сите репрезентации, вклучувајќи ја и македонската.