Од денеска сите очи во Македонија ќе бидат вперени во Краков. Тука, во овој град ракометарите го стартуваат Светското првенство. Традиционално пред секој важен меч и пред секое големо натпреварување, ФФМ испраќа поддршка до репрезентативците.
„Се чини дека оваа година започнува нова ера за македонската ракометна репрезентација. Зад нас оставивме големи имиња на големи натпреварувања. Погледот напред нуди нови амбиции.
Да се надеваме дека во „ДНК-то“ на оваа репрезентација ја има таа важна карактеристика – „знаат да победуваат“.
Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат“, стои на официјалната „Фејсбук“ страница на ФФМ.