Милвоки влегоа во финалето на Истокот

299

Екипата на Милвоки Бакс ги победија Бруклин Нетс со 115:111 во седмиот меч од серијата и го осигураа своето место во финалето на Источната конференција што е нивно второ финале во последните три години.

Милвоки успеа да дојде до триумф по продолжение откако во регуларниот дел мечот заврши 109:109. Кевин Дурент беше најдобар на теренот со дури 48 поени, на кои придодаде уште 9 скокови и 6 асистенции но тоа не беше доволно за победа на Бруклин.

На спротивната страна Антетокумбо реализира 40 поени со 13 скокови и пет асистенции. Во финалето на Истокот, Милвоки ќе игра со подобриот од мечот Филаделфија – Атланта. Моментално таму резултатот е 3:3.

Фото: Официјален твитер профил на Милвоки

ПретходноАвстрија останува без Лазаро до крајот на Еуро 2020?
СледноДимитријевиќ: Жртвувањето, напорната работа ме донесоа таму каде што сакам да бидам!