Фештата во Краков почнува денеска, важно инфо за сите Македонци!

293

Македонските навивачи добија своја официјална фан-зона. Станува збор за стара пивница „Restauracja Browarna Lubicz“, а се наоѓа во Стариот град, во близина на најпознатиот трговскиот центар во градот „Галерија Краковска“.

Истата денеска ќе биде отворена во 15:30 часот, а според најавите и овој пат ќе има добра забава, македонска музика и македонски ди-џеј .

Во текот на денешниот ден во Краков ќе пристине убава бројка на фанови, па нашите момци ќе ја имаат потребната поддршка на трибините.

До истата македонските навивачи можат да стигнат со трамвај доколку ги користат броевите 2, 4, 10, 14, 20, 44, 52, 62, 64 или автобус со броевите 124, 152, 424, 601, 605, 611, 662, 664.

ПретходноСелекторот на Норвешка претпазлив: Македонија игра побрзо, имате опасен контранапад!
СледноИван Николоски повторно на голот на Беласица