По Јасмин Мециновиќ и Марко Јовановски, овој зимски преоден рок екипата на Феризај ќе ја засили уште еден наш фудбалер, а тоа е Филип Глигоров (29). Искусниот десен бек, како што велат нашите информации, веќе има договор со овој клуб, остнува само уште промоцијата.
Инаку Глигоров во Феризај доаѓата од Шахтјар Караганди, а претходно играше и за екипите на Кукс, Партизани, Влазнија, Шкупи, Силекс, Работнички и др.