Шампионите на Вимблдон ќе добијат 28% помалку пари во споредба со 2019

396

Намален е наградниот фонд за овогодишниот Вимблдон, а победниците во машка и женска категорија ќе добијат по 2,4 милиони долари што е речиси 28% помалку во однос на 2019 година. Според организаторите на лондонскиот Грен слем турнир, намалувањето на наградниот фонд е последица на намалениот број на гледачи кои ќе биде дозволен на трибините, како и обврзувачките тестови за тенисерите и нивните делегации.

Минатиот турнир не беше одржат поради пандемијата со коронавирусот, а оваа година Вимблдон ќе почне на 28 јуни.

Засега е јасно дека Рафаел Надал и Наоми Осака нема да учествуваат на престижниот турнир но не поради наградниот фонд туку од лични причини.

ФОТО: Официјален Твитер профил на Вимблдон

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Ѓорѓиевски во нападот на Шкупи
СледноАполон има желба – Трајковски!