Maнчестер Јунајтед се пофали со Вегхорст

140

Тоа што се зборуваше во изминатите неколку денови сега доби разврска. Бешикташ и холандскиот напаѓач Вут Вегхорст го раскинаа договорот со што фудбалерот го реализира трансферот во Манчестер Јунајтед.

30-годишниот фудбалер во Бешикташ играше како позајмен од Барнли.

Па Барнли му плати на турскиот клуб 2,9 милиони евра како обесштетување за раскин на договорот. Бешикташ и Вегхорст ја прекинаа соработката, па фудбалерот веќе е промовиран на „Олд Трафорд“.

Тој во Јунајтед исто така ќе игра како позајмен.

ПретходноПОЛУВРЕМЕ ВО КРАКОВ: Македонија – Норвешка (11-18)
СледноКире му се развика на Серафимов (видео)