Египет ја декласира Хрватска, Србија убедлива со Алжир!

113

Покрај мечот меѓу Норвешка и Македонија, вечерва на СП се одиграа уште три натпревари.

Каков шок за Хрватска уште на првиот меч на СП. “Коцкестите“ во меч од групата – Г беа декласирани вечерва од Египет се неверојатни 31:22.

Секако дека овој пораз никој не го очекуваше во таборот на еден од фаворитите за највисок пласман.

Србија со победа го отвори Мундијалот, и тоа против Алжир со 36:27.

Во текот на целиот меч нашиот северен сосед одигра сосема добро и на крајот успеа заслужено да триумфира.

Данска немаше никакви проблеми со Белгија. На крилјата на Микел Хансен, кој постигна 10 голови, актуелниот светски првак триумфираше со 43:28.

ПретходноРакометарите поразени на стартот на СП, Норвешка сепак е пресилна (ФОТО)
СледноКузмановски: Со толку многу технички грешки невозможно е да ја победиме Норвешка