Јуве демолиран од Наполи – прими пет гола на меч за прв пат по мај 1993 година! (видео)

142

Јувентус доживеа фијаско на гостувањето кај Наполи во 18.коло на Серија А. „Бјанконерите“ доживеаја пораз од 5:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“ овозможувајќи му на противникот да направи убава разлика на табелата во трката по титулата.

Јувентус прима пет гола на еден меч за првпат по 30 мај 1993 година (тогаш против Пескара пораз од 5:1). Дополнително, Наполи постигнува пет гола против Јувентус втор пат во клупската историја, првиот пат на 20 ноември 1988 година.

Резултатот го отвори Осимен во 14. минута, зголеми Кваратшкелија во 39. минута. Три минути подоцна намали Ди Марија. Во второто полувреме Наполи го демолира ривалот.

Рахмани зголеми на 3:1, Осимен на 4:1, а Елиф Елмас, кој влезе на стартот на второто полувреме ги постави конечните 5:1.

Квича Квартшкелија имаше прекрасен настап затоа што освен еден гол запиша и две асистенции.

Наполи е лидер со 47 бода, а по 37 имаат вториот Милан (меч помалку) и третопласираниот Јувентус.

 

ПретходноЛазаров: Имавме премногу технички грешки! Ќе бидеме подобри, Холандија не е Норвешка!
Следно„Јагуриноски е борбено момче, се надевам дека ќе го имаме против Холандија“