Хрватска е патосирана на стартот на Мундијалот од Египет со 22-:31. Да се каже дека хрватската репрезентација никогаш не доживеала ваков пораз на големите натпреварувања не е точно. Можеби е подобро да се каже дека немало поболен и отрезнувачки натпревар против ривал кој официјално не припаѓа на претедентите за медал како Данска, Франција и Шпанија, но како што стојат работите, прави големи чекори.
Хрватска – Египет 22:31 е продолжение на лошата серија која започна на претходното СП 2021 година, кога овие ракометари беа декласирани од актуелните светски прваци Данците со 26:38.
Немаше многу можности во овој век да се види ваква беспомошност на играчите во хрватските дресови. Французите славеа на ЕХФ ЕУРО 2016 со 32:24…
Некои постари генерации се сеќаваат на тешкиот пораз од СР Југославија 22:34 на стартот на ЕХФ ЕУРО 2002 во Шведска. Четири години претходно и Русите имаа што да кажат со 14:29 на ЕХФ ЕУРО 1998. Хрватска излезе посилна од сите тие ситуации.