Пресврт во случајот Мудрик: Челзи им го „лапна“ фудбалерот од пред нос на Арсенал

262

Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик ќе стане нов фудбалер на Челзи откако „сините“ го претркаа Арсенал и им го „собраа“ крилниот фудбалер. „Топчиите“ долго време целеа на фудбалерот на Шахтјор, меѓутоа не се согласуваа да платат 100 милиони евра за фудбалерот и пробуваа да ја намалат сумата.

Додека од Арсенал се ценкаа, од Челзи денеска во Полска се сретнале со луѓето од Шахтјор и го договориле трансферот, пренесува „Атлетик“. Исто така се наведува дека играчот веќе се упатил од Турција кон Лондон каде што наскоро ќе потпише договор со новиот клуб.

Шахтјор ја прифатил понудата на Челзи од 70 милиони евра плус 30 милиони во форма на бонуси.

Инаку Мудрик се смета за еден од најголемите таленти во Европа, а ја доби и наградата за најдобар играч на Шахтјор за 2022 година.

ПретходноБрентфорд го победи и Борнмут и врза седум меча без пораз (видео)
СледноЧеферин за Реал: Мислат дека се елита и дека сите треба да им се поклонуваат