Во еден од главните денешни дуели во 3. коло од првата фаза на Светското првенство во Полска и Шведска ќе биде пресметката меѓу непоразените Словенија и Франција, кои влегуваат во битка за првото место во групата „Б“ по стартните две победи кои веќе ги остварија и го потврдија своето место во втората рунда.
Словенечките ракометари по победите над Саудиска Арабија и Полска ги чека најголемиот предизвик досега. Момците на Урош Зорман во 18 часот ќе се соочат со Франција, но без Мачковшек кој поради повреда ќе мора да го пропушти најважниот меч во групата. Франција ја задржува позицијата на фаворит, но Словенија и против Полска покажа за што е подготвена на овој Мундијал.
Исклучително важни денеска ќе бидат и 60-те минути на дуелот од групата „Д“ меѓу Португалија и Унгарија. Унгарците обезбедија две победи и сигурно одат во следната фаза, но денешниот меч одлучува дали таму ќе пренесат 4 или само два бода. Од овој дуел зависи и позизицијата на Исланд кој претходно е голем фаворит на средбата со Ј. Кореја.
Во првата група Црна Гора оди на сигурна победа против Чиле, додека Шпанија и голем фаворит против Иран. Во групата „Ц“ слична е ситуацијата и според сите параметри денеска Бразил и Шведска треба да реализираат лесни победи за потврда на првите две места во групата.
- коло
ГРУПА А
18.00 Црна Гора – Чиле
20.30 Иран – Шпанија
ГРУПА Б
18.00 Словенија – Франција
20.30 Полска – С. Арабија
ГРУПА Ц
18.00 Бразил – Зеленортски О.
20.30 Уругвај – Шведска
ГРУПА Д
18.00 Ј. Кореја – Исланд
20.30 Португалија – Унгарија